Ако не се постави нови топловод на мостот Беласица, граѓаните ќе се соочат со високи цени за парното греење, предупреди првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски.

„Доколку не се постави тој цевковод, имаме проблем со произведената количина топлинска енергија од ТЕТО, која што ни е три пати пониска отколку цената на топланите. Доколку не се постави овој цевковод тогаш би ни се случило ценовно цунами. И од тие причини додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот нема да донесеме одлука. Доста беше заради препирки нечии тоа да оди на грбот на граѓаните“, вели Бислимовски.

Бислимовски вели дека ако нема цевка, гасната централа ТЕ-ТО ќе има проблем, а токму нејзиниот енергенс е најевтин од сите топлани.

Извор: Expres.mk.