Приватните превозници ги отстранија барикадите од автобуси од булеварот Илинденска и велат дека ќе чекаат премиерот Димитар Ковачевски да ги повика на разговор, пренесува Телма.

Две недели главниот град беше во целосен хаос, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска немаше слух за решавање на нивните барања. Градот Скопје дури и објави нов оглас со барање за нови превозници, на кои досегашните не се пријавија.

Додека превозниците бараат ЈПС да им го иплати долгот висок повече од еден милион евра, Арсовска тврдеше дека таков долг кон нив ова јавно претпријатие нема и ги обвинуваше дека недомаќиски работеле.