Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на панел-дискусијата посветена на годишниот Извештај на Европската комисија за кластерите „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“, кажа дека Владата има јасен план за реформирање кој ќе продолжи и во следниот период.

Маричиќ кажа дека пред Македонија е сложен процес, но смета дека до крајот на 2030 година државата ќе влезе во Европската унија (ЕУ).

„Пред нас е сложен и долгорочен процес кој бара силна политичка волја и континуитет за темелни реформи. Обврската која ја преземаме е тешка, но знаеме која ни е целта: развој, просперитет, европска економија, европски пазари, европски животен стандард за граѓаните, до крајот на 2030. Амбициозна, но достижна цел, истакна Маричиќ.

Маричиќ верува дека ќе се подобри оценката на следниот годишен Извештај на Европската комисија, а тоа ќе значи сигурен чекор на европскиот пат и реализирање на стратешката цел.