Доволно е само да пребарате на интернет страницата за јавни набавки и да се уверите дека оваа маркетинг агенција е една од најчестите компании кои ги добила владините тендери. Уште повеќе изненадува фактот дека не станува збор за мали суми на пари, туку цената на една набавка, на пример од град Скопје, изнесува фантастични 130 илјади евра. Тоа може да се види од сликата подолу.


За ова, на денешната седница на Советот на градот Скопје, реагираше и советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески, кој изнесе повеќе информации кои фрлаат сомнеж за промотивните активности и кампањи на градоначалникот Шилегов кои се платени со народни пари.
Во месец февруари градот Скопје склучува договор со агенцијата Њу Момент. Цената на договорот е 8 милиони денари.

Воочливо е да се забележи дека како и повеќето јавни набавки особено кога станува збор за асфалтирање, но и други активности на градот, има само една понуда. И таа е оценета како единствена и „нормално” најниска. Во иста таква постапка градот Скопје склучува договор со истата ПР агенција и во 2020 година во месец февруари во износ од 2.5 милиони денари. И во 2019-та година исто така договор со град Скопје овој пат во износ од 2 милиони денари, истакна Галески.

Тој посочи дека оваа компанија не е случајна, и дека таа е добитник и на други тендери, поврзани со владини институции. Само оваа година омилената агенција на власта добила тендери од државна видео лотарија, од МНР, претходно од Секретаријат за европски прашања, Централен Регистар. Таа е истата агенција која доби грант од Фондот за иновации воден од Коста Петров. Дали ова не е начин за можеби предвремено отплаќање на некоја идна кампања, и дали грдата реалност ќе се покрива со скапи кампањи праша советникот Галески.

Тој се осврна и на поврзувањето на Ѓорче Петров со Илинденска кое преставува уште едно неисполнето ветување на Шилегов. Констатирајќи дека после 4 години е јасно дека Шилегов не си ги сработи основните проекти, кои сам ги вети.

Дека агенцијата е миленик на власт , медиуми пишуваа и пред извесно време и за директорот на Фондот за иновации кој си снимаше интервјуа, а за маркетинг и продукциски активности Фондот потпишал договор од речиси 200,000 евра со две маркетинг агенции од кој едната е токму и Њу Момент.

Спорен е моментот што речиси сите овие државни инстуции имаат вработено кадри токму за маркетиг и ПР активности, но и покрај тоа тие ангажираат дополнителна маркетинг и пр агенција,преку која се одлеваат илјадици евра државни пари, односно пари на граѓаните