На денешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема екологија експертот за животна средина Соња Лепиткова истакна дека не смее да има еколошка такса подеднакво за сите. И за загадувачите и за незагадувачите.

-Граѓаните треба да се казнуваат за животната средина но, и треба да се наградуваат. Не смеат сите граѓани во државата да се казнуваат подеднакво. Такво правило е штетно неправично. Затоа ВМРО-ДПМНЕ на таа тема ќе дебатира, а не на инает и популизам, рече таа.

Македонија најдоцна од сите држави во Европа го оформи министерството за животна средина и токму во времето на влада на ВМРО-ДПМНЕ во 1999 година, изјави Лепиткова.

-Почнавме со физибилити студија, направивме проекти, обезбедувавме средства од европските фондови и така натаму. Со ИПА проектите кои се добиваат со сериозна документација изградивме многу пречистителни станици и регионални депонии. Овие четири години ништо не се прави. Зошто? Затоа што тука голема улога играат и градоначалниците. Сите наши градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ учествуваа во време кога имаше крајни непогоди на поплави на пожари, ете сме набавиле и авиони за гасење на пожари. Сме имале средства и сме планирале и без еколошки такси. Имавме и студии за загадувањето на воздухот и ги лоциравме загадувачите и какви мерки да преземеме. Во тие програми ќе видите субвенции за велосипеди за електрични автобуси и возила, за пелети, за печки и така натака. Екологијата за ВМРО-ДПМНЕ секогаш била приоритет, како на локално така и на централно ниво, посочи Лепиткова.