Тоа го чинеше Маск 5,6 милијарди долари помалку во неговото богатство, кое моментно изнесува 174,1 милијарда долари, според пресметките на Форбс. Главниот извршен директор и коосновач на „Тесла“ е третиот најбогат човек во светот по извршниот директор и основач на Амазон, Џеф Безос и францускиот бизнисмен Бернар Арно.

Според надлежните, возилото било управувано без возач, бидејќи едното лице се наоѓало на предното седиште, а другото на задното седиште на автомобилот. Електричниот автомобил патувал со голема брзина пред да излета од патот и да се запали околу 23,25 часот, соопшти полицијата.

„Тесла“ се уште нема дадено изјава по инцидентот. Компанијата постојано ја рекламираше безбедноста на нејзините автомобили и функцијата „автопилот“. Непосредно пред несреќата Macĸ, кој е многу активен на Твитер со околу 52 милиона следбеници, објави информација дека веројатноста „Тесла“ со вклучена функција на автопилот да доживее сообраќајна несреќа е десет пати помала отколку некое друго возило.