Полицијата во Ниш уапси маж под сомнение дека планирал спектакуларно бегство на осуденици од Казнено-поправниот дом, пишуваат српските медиуми.

Според информациите, осомничениот имал намера со дрон да вметне пиштол со муниција во затворот. Планот бил осуденик од Нови Пазар, кој издржува затворска казна во Ниш, да го преземе оружјето.

Откако би го добил пиштолот, затвореникот требало да го употреби за да го совлада и киднапира затворскиот чувар, а потоа, користејќи го како заложник, да избега од затворот.

При апсењето, кај осомничениот се пронајдени дрон, пиштол и осум куршуми.