Имаме ниво на 45 отсто подготвеност или усогласеност со системот на ЕУ. Тоа не е малку и ветува дека кога ќе ги почнеме преговорите, тие нема да траат премногу во однос на исполнувањето на условите и усогласувањето на нашиот систем, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Споделувајќи на својот фејсбук профил дел од обраќањето на вчерашниот форум „100 дена Влада“, Маричиќ попладнево уште еднаш потенцира дека процесот на европската интеграција е процес на реформи дома.
-Тоа е задача на цела Влада и остануваме фокусирани на евроинтеграциите. Брзината на нашиот напредок ќе зависи од динамиката на реформите, односно од брзината и степенот до кој општеството како целина ќе се вклучи и реформира, напоменува вицепремиерот.