Уште двајца Албанци од Македонија се прогласени за персона нон грата во Албанија од страна на тамошното министерството за внатрешни работи на Албанија. Тие се осомничени за извршување непријателски активности против суверенитетот на албанската држава.
Извори за Репорт ТВ информираат дека по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи ги вклучило имамот Бекир Халими, како и политичарот и аналитичар Валон (Ваљон) Беља, на листата на непожелни лица. И двајцата имаат забрана за влез на албанска територија во траење од 10 години, додека за Ваљон Беља е издадена наредба за депортација.
Имамот Бекир Халими беше член на поранешната ОНА и е вахабистички теолог. Во 2008 беше осомничен за поврзаност со терористичка ќелија на Ал каеда. Во 2016 година беше исклучен од Исламската верска заедница на Македонија по судирите со раководството на институцијата.
Ваљон Беља е попознат од имамот. Тој е политички аналитичар и поранешен политички активист. Познат е по своите коментари за политичките случувања во регионот. Претходно беше шеф на кабинетот на министерот за здравство на Македонија. Тој беше и економски директор на Клиниката за гинекологија, а во 2018 година беше ранет во пукотница во скопски Чаир.
Нивното прогласување за нон грата дојде по информациите од Антитерористичката служба дека дејствуваат против суверенитетот на Република Албанија, националната безбедност, уставниот поредок и јавниот ред и безбедност, како и по сомневањата дека се членови на терористички организации кои поддржуваат и спроведуваат анархистички акции против албанската држава.
