Индија денеска лансираше ракета со 36 приватни интернет сателити.
Лансирањето од јужна Индија беше првото лансирање за лондонскиот OneWeb откако ја прекина соработката со руската вселенска агенција во март поради нападот на Москва врз Украина, објави АП.
„Ја испративме во орбитата многу прецизно, сега ракетата е во предвидената орбита“, рече С. Соманат, претседател на индиската вселенска агенција.
OneWeb сега има 462 сателити во лет, што е за 70 отсто повеќе отколку што и е потребно на компанијата за да обезбеди широкопојасни услуги низ светот, соопшти АП.
Компанијата соопшти дека останува на пат да постигне глобално покривање следната година со планирана констелација од 648 сателити.