Светската здравствена организација добила и информации од неофицијални извори според кои мутацијата на вирусот Б.1.617 е откриена на уште седум територии, со што вкупниот број на територии на кои е регистрирана оваа мутација се искачи на 60.

Во извештајот е наведено дека индиската мутација на коронавирусот покажала поголема преносливост, додека сериозноста на болеста и ризикот од инфекцијата и натаму се истражуваат.

Бројот на новозаразени и ппочинати како последица на коронавирусот на глобално ниво продолжи да опаѓа во текот на минатата седмица.

Регистрирани се околу 4,1 милион нови случаи и 81 илјади починати како последица на коронавирусот, што е за 14%, односно 2% помалку во однос на претходната седмица.