Kлиниката за инфективни болести во Скопје се затвора на две недели, потврди министерот за здравство Беким Сали. Поради огромниот број на пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот.

Тројцата пациенти кои во моментов се таму ќе бидат на кратко префрлени во ГОБ „8. Септември“, а сите останати кои ќе имаат потреба од инфектолозите, ќе бидат пренасочени во „8. Септември.