Утре во Гевгелија ВМРО-ДПМНЕ организира трибина за инфраструктурен бум и темелите на промените
Во општина Гевгелија утре со почеток од 20:30 часот ќе се одржи трибина на тема „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
На трибината говорници ќе бидат:
- Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата;
- Александар Николовски, министер за транспорт;
- Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници инфраструктура;
- Коце Трајановски, директор на ЈПДПП; Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија; и
- Ангелинка Петкова, пратеник во македонското Собрание.
Настанот ќе може да се следи и на Јутјуб и на Фејсбук каналот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираат од партијата.