Мицкоски изјави дека досега веќе имало една таква средба со Филипче и дека повторно би ја организирале само ако навистина постои неопходност за тоа.
– Па добро, често пати ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку би имало потреба од таква лидерска средба, не гледам зошто да не би ја организирале. Но, во моментов не гледам таква причина, зошто би организирале лидерска средба, уште една – изјави Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на договорите за инфраструктурни проекти со општините во рамки на вториот владин повик.
Тој нагласи дека иницијативите за дијалог не се проблем, но според него, моменталните околности не бараат итно повторување на средбата со СДСМ.