Тоа не е партиска или политичка битка, тоа е битка за опстојување на македонската нација и македонската држава, напиша Димовски.
Во продолжение неговиот став
Системски проблем е на државата што може да добие Премиер кој ќе ги згази и погази сите демократски стандарди на парламентарна демократија, ќе тргува со судството и обвинителството за доминација и влијание во политичката битка, ќе ги поништи веќе утврдените националните и државни позиции за клучните идентитетски позиции, ќе промени Устав спротивно на јасно изразена волја на граѓаните на Македонија, ќе прифати договори со кои се нарушуваат основните човекови права,
ќе го десеткува значењето на АСНОМ и ќе тргува со значењето на Илинден…
Системски проблем е неговиот избор, а неговото одење е нова шанса за реституција на правната држава…
Оваа држава мора да најде начин да се бори и да ги отстрани катастрофалните последици после владеењето на Заев…
Тоа не е партиска или политичка битка, тоа е битка за опстојување на македонската нација и македонската држава…
Интелектуална обврска е оваа власт да замине ден побрзо…