Научниците веруваа дека ваквите случаи се ретки, но повикот за волонтери што одговараат на тој профил и „делат иста спална за време на заразата“ резултирал со одговор од приближно илјада двојки.

На крај, примероци на крв биле земени од 86 двојки за детална анализа и било откриено дека „жените биле поприсутни (65%) во асимптоматската група“.

Резултатите укажале дека отпорните партнери имаат поголема веројатност да имаат гени што придонесуваат за поефикасно активирање на таканаречените клетки природни убијци (НК), кои се дел од првата реакција на имунолошкиот систем на бактерии.

Кога НК се правилно активирани, тие можат да ги препознаат и да ги уништат заразените клетки, спречувајќи го развојот на болеста, објаснуваат научниците во трудот, објавен во вторникот во списанието Граници во имунологијата.

-Нашата хипотеза е дека геномските варијанти што најчесто се наоѓаат кај осетливиот сопружник доведуваат до производство на молекули што го спречуваат активирањето на НК“, вели лидерката на студијата Мајана Зац од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил.

Но оваа студија не може да докаже дека тоа се случува, додаде таа.

Дури и ако тој заклучок се потврди со повеќе истражувања, треба да се испита придонесот или влијанието на другите имунолошки механизми, велат научниците.