-На 30 септември, Демократска Народна Република Кореја лансираше експериментална противвоздушна ракета што неодамна ја произведе. Извонредните борбени карактеристики на „проектилот“ се тестирани со воведување нови клучни технологии, објави КЦНА.

Овој експеримент доаѓа по серијата лансирања на оружје. Пјонгјанг оваа недела извести за суперсоничен ракетен тест, кој, доколку се потврдат информациите, е голем технолошки напредок бидејќи ракетата лета пет пати побрзо од звукот.

Како што пренесуваат странските агенции, овие експерименти ја запрепастија меѓународната заедница, а САД, Франција и Велика Британија повикаа на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.

Програмите на Северна Кореја за нуклеарно оружје и балистички ракети се забранети со резолуција на Советот за безбедност на ОН и подлежат на серија меѓународни санкции.

Откако Ким Џонг-ун дојде на власт, воените програми напредуваа, а Пјонгјанг ги оправдува со потребата да се бранат од можна американска инвазија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот рече дека Северна Кореја охрабрува „нестабилност и несигурност“.