Џафери посочи дека интерпелацијата за Спасовски е последната точка на дневниот ред, но вели дека нема да биде последна на првиот ден кога ќе се одобри дневниот ред, бидејќи истата има рок.

– Прашањето за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е на 39-та седница. Формално е како последната точка на дневниот ред, но не значи дека ќе биде последна откако ќе се одобри дневниот ред, рече Џафери во емисијата „10 минути“.

Тој додава дека за интерпелација мора Собранието да обезбеди расправа во текот на целиот ден, а да се изгласа до полноќ.