Неколку мажи се уапсени во близина на британската воздухопловна база РАФ Ферфорд под сомнение за прекршоци поврзани со експлозиви. Во областа е прогласен сериозен инцидент, дел од жителите се евакуирани, а специјализиран армиски тим проверува повеќе возила, соопшти полицијата во Глостершир.
Засега официјално не е потврдено дека осомничените подготвувале конкретен напад. Полицијата наведе дека тие се уапсени поради сомнение за прекршоци според Законот за експлозиви, додека истрагата продолжува. „Ројтерс“
Безбедносните мерки во базата, која ја користат американските воздухопловни сили, биле заострени, а полицијата го блокирала пристапот до главниот влез. Во блиското село Ферфорд биле распоредени околу 30 возила на итните служби, меѓу кои полициски автомобили, амбулантни и противпожарни возила.
„Неколку имоти во областа Велфорд моментално се евакуираат откако беше пријавен сериозен инцидент“, соопшти полицијата во Глостершир.
Велфорд се наоѓа во близина на воздухопловната база. Специјализиран тим за деактивирање експлозивни средства на британската армија проверува неколку возила, а околу подрачјето е поставен безбедносен кордон. Полицијата соопшти дека смета оти инцидентот е локализиран. „Евроњуз“
Британската влада им дозволи на Соединетите Американски Држави да ја користат базата РАФ Ферфорд, во југозападна Англија, за напади врз ирански ракетни локации поврзани со нападите врз бродови во Ормускиот Теснец.
