Руските инвестиции во недвижности Турција се зголемија за 199 проценти во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период од 2021, покажаа податоци од турскиот статистички институт.

Според податоците, руските граѓани купиле околу 9.311 домови во периодот од јануари до септември.

Продажбата на имот на странци в целата земја се зголеми за 32.5 отсто на годишно ниво за периодот и достигнаа 49.644 единици.

Во првите девет месеци најмногу имот има продадено во Истанбул, 19.594 недвижности.

Потоа следуваат Анталија со 14.656, Мерсин со 2.596, и Анкара со 2.295. Западниот Измир и црноморските провинции Самсун и Трабзон влегуваат во десетте најжешки дестинации за посочениот период.

Од март има брз пораст на купените живеалишта од страна на руски и украински граѓани. Во првите девет месеци од минатата година, Русите купија само 3.115 единици недвижен имот.

Бројот на Украинци кои купиле недвижности исто така бележи пораст од 125 отсто, достигнувајќи 1.775 купени домови.