Руски проектил погоди станбена зграда во јужниот украински град Николаев, при една од трите експлозии што го потресоа градот рано денеска.

Ракетата целосно уништи дел од зградата, која се наоѓа во централното подрачје на Николаев.

Според претставник на градските власти, проектилот бил С-300.

Украинските власти ноќеска соопштија дека е погоден „енергетски објект“ во Киев, еден ден по смртоносните напади на руски беспилотни летала врз украинскиот главен град.

„Три удари врз објект за снабдување со електрична енергија на левиот брег на Киев“, објави на социјалните мрежи Кирило Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател.