Во новиот производствен капацитет на „Винчини“ ќе се отворат 40 работни места

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, каде што ќе присуствува на свеченото отворање на новата фабрика за кондиторски производи во рамки на брендот „Винчини“.

Според најавите, премиерот ќе има средба со менаџментот на компанијата, на која ќе се разговара за економските резултати, извозните активности, инвестициските проекти и идните развојни планови.

Во рамки на посетата е предвидена церемонија за пуштање во употреба на новата фабрика, при што Мицкоски ќе присуствува на сечењето на лентата и ќе изврши обиколка на новите производствени капацитети.

По завршувањето на настанот, премиерот ќе даде изјава за медиумите во кругот на фабриката.

Инвестицијата е реализирана за шест месеци

На отворањето ќе присуствуваат и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, како и генералниот директор на „Винчини“ и потпретседател на Стопанската комора, Глигор Цветанов.

Од Стопанската комора информираат дека новата фабрика за производство на вафли претставува инвестиција вредна 8,5 милиони евра, реализирана за само шест месеци со значително учество на домашни компании, инженери и изведувачи.

Производствениот комплекс располага со две современи линии за производство на вафли и други кондиторски производи наменети за домашниот пазар и за извоз во повеќе од 60 земји во светот.

Се планираат уште 40 нови вработувања

Со почетокот на производството ќе бидат отворени 40 нови работни места, а во текот на следната година се планира вработување на уште 40 лица.

Од компанијата очекуваат новата инвестиција да придонесе за зголемување на производствените капацитети за околу 30 проценти, како и за дополнително зајакнување на извозот и проширување на присуството на меѓународ