Фокус на нова инвестиција за извоз на бела техника
Во скопската индустриска зона започнува реализација на нова милионска инвестиција. Ќе отвори над 200 работни места и ќе биде насочена кон производство на бела техника за извоз. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека фабриката ќе стартува со работа во наредните 10 до 12 дена.
Индустриски развој и во Штип: Три нови инвестиции во подготовка
Покрај Скопје, Штип исто така е на пат кон значителен економски подем. Според Мицкоски, се работи на уште две нови инвестиции, како и на проширување на постоечка фабрика. Тоа ќе значи вложувања од неколку стотици милиони евра и ќе овозможи над 1.000 нови вработувања.
– „Многу скоро ќе има одлични вести за жителите на Штип и регионот“, изјави премиерот, додавајќи дека две од новите инвестиции не се поврзани со автомобилската индустрија, додека третата е проширување на капацитети во тој сектор.
Енергетска инвестиција вредна половина милијарда долари на повидок
Дополнително, Мицкоски најави дека кон крајот на јуни или почетокот на јули ќе започне изградбата на голема инвестиција во енергетиката, вредна половина милијарда долари, која беше најавена минатата година.
Со ваквите најави и динамичниот индустриски развој, Македонија се позиционира како атрактивна дестинација за странски инвестиции, со директен ефект врз вработувањето и извозната економија.