Според анкетата на ИПИС Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат убедлива предност пред СДС и Ковачевски. Како што покажуваат резултатите од истражувањето речиси двојно повеќе луѓе би гласале на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ отколку за владејачката СДС.

Ваквиот резултат е одраз на многуте последователни скандали кои ги има оваа влада, како и опозициското расположение кое е се повеќе присутно по низата криминали кои ги обедини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа се должи и бројката од 20 отсто кои на следните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 12,9 отсто кои би гласале за СДСМ.

Во продолжение може да видите како тоа изгледа на графикон.

И другите помали политички партии како Левица го губат приматот на „брзорастечки“ партии и не само што стагнира нивниот процент, туку и полека почнува да опаѓа.

Во албанскиот политички блок партија која ужива најголема доверба се уште е ДУИ, а зад неа со сличен рејтинг следат Алијанса за Албанците и БЕСА.

Што се однесува пак во однос на договорот за коридорите за Бехтел и Енка дури 45 отсто од граѓаните се против, а 53 отсто од Македонците не го поддржуваат во сегашната форма како што е потпишан од Владата.

Повеќе може да погледнете од графиконите во продолжение.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.