По најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерска средба, од опозициската партија напоменуват дека тема на разговор никако и под никакви уцени да нема да бидат уставните измени.

– Она што граѓаните го добиваат како одговор е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласат на нешто што е спротивно на македонските национални интереси и таа тема е затворена. Граѓаните може да бидат мирни дека некој ги чува македонските национални интереси, а тоа се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Ние со средбите ќе продолжиме, ќе понудиме и решенија, а со наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решиме повеќето проблеми, а Македонија ќе стане за сите луѓе, потенцираше Ели Панова.