Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, во четвртокот во Обединетите нации предупреди дека доколку не запре израелската одмазда против палестинското движење Хамас во Појасот Газа во која масовно гинат Палестинци, ниту Соединетите држави „нема да бидат поштедени од тој оган“.

„Им кажувам искрено на американските државници, кои моментално управуваат со геноцидот во Палестина, дека не поддржуваме ширење на војната во регионот. Но, доколку продолжи геноцидот во Газа, нема да бидат поштедени од тој оган“, изјави Амирабдолахиан на состанокот на Генералното собрание на ОН посветен на експлозивната ситуација на Блискиот исток.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас, кој владее со енклавата Појасот Газа, во одмазда за нападот од 7-ми октомври во кој се убиени околу 1.400 Израелци а во заложништво се земени речиси 220 цивили. Израел ја бомбардира Газа од воздух и копно, изврши тотална опсада на енклавата со исклучување на струјата, водата и блокирање на доставувањето храна, лекови и гориво за генераторите во болниците. Според палестински извори, во израелските напади досега се убиени повеќе од 7.000 Палестинци, од кои повеќе од една третина се деца.

Хамас преку Иран соопшти дека е подготвен да ги ослободи цивилните заложници, додавајќи дека свветот би требало, исто така, да се заложи за ослободување на 6.000 Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори, рече Амирабдолахиан.

„Исламската Република Иран е подготвена да го одигра својот дел во овој многу важен хуманитарен потфат, покрај Катар и Турција. Секако, ослободувањето на 6.000 палестински заложници е уште една неопходност и договорност на глобалната заедница“, порача Амирабдолахиан.

хуманитарен потфат, покрај Катар и Турција. Секако, ослободувањето на 6.000 палестински заложници е уште една неопходност и договорност на глобалната заедница“, порача Амирабдолахиан.

ИЗВОР: Нетпрес