Официјална реакција по воздушниот напад од САД врз нуклеарните објекти
Во објава на платформата X, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи реагираше на воздушниот напад од САД врз нуклеарните објекти. Тој порача дека Иран го задржува полното право да избере каков било облик на реакција во одбрана на својата територија и безбедност.
„Иран го задржува правото да избере каков било одговор, на каков било начин, во одбрана на својата територија, по американските напади врз иранските нуклеарни постројки,“ напиша Арагчи во својата утринска порака на платформата X.
Министерот за надворешни работи на Иран го нарече нападот „незаконски и провокативен“ и предупреди дека ќе има долготрајни последици.
„Овие скандалозни дејствија нема да останат без последици. Ќе има одговор, и тој одговор ќе трае со вечни последици по регионалната и глобалната безбедност,“ изјави Арагчи, нагласувајќи дека Иран нема да толерира надворешни воени интервенции.
МААЕ: Засега нема зголемена радијација во близина на постројките
Во одвоено соопштение утринава, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека досега нема никакви индикации за зголемување на радијациското ниво околу погодените ирански нуклеарни објекти. Оваа информација беше пренесена преку официјалната страница на платформата X, каде агенцијата го потврди својот тековен надзор на ситуацијата.
„МААЕ потврдува дека досега не се регистрирани покачени вредности на радијација надвор од периметарот на објектите погодени од нападот. Ќе продолжиме со проценки и ќе дадеме дополнителни информации кога ќе имаме повеќе потврдени податоци,“ се вели во соопштението на Агенцијата.
Според светските новински агенции, изјавата била дадена од страна на службен претставник на ова нуклеарно надзорно тело при Обединетите нации, кое континуирано ја следи безбедноста на нуклеарните постројки ширум светот.
Реакциите следат по воздушниот напад, извршен од страна на САД врз трите клучни ирански постројки – Фордо, Натанз и Есфахан – се зголеми вниманието на меѓународните безбедносни институции