Техеран донел одлука по барање од кинеската дипломатија
Иран дозволил одредени кинески бродови повторно да минуваат низ Ормутска Теснина, откако Техеран и Пекинг постигнале договор околу правилата за управување со мореузот, објави иранската агенција Фарс.
Според неименуван извор цитиран од агенцијата, одлуката била донесена по барање од кинеските власти.
„Одлуката е донесена на барањето на шефот на кинеската дипломатија и кинескиот амбасадор во Техеран да се олесни преминот на кинеските бродови низ Ормутска Теснина во согласност со стратешкото партнерство помеѓу Иран и Кина“, изјавил изворот за Фарс.
Кинески супертанкер поминал по повеќемесечна блокада
Иран претходно значително го ограничи поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец по нападите на САД и Израел што започнаа на 28 февруари. Дополнителен удар врз енергетскиот транспорт предизвика и блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, воведена неколку дена по прекинот на огнот на почетокот на април.
Според податоците за следење на бродови, кинески супертанкер што превезувал околу два милиони барели ирачка сурова нафта вчера успеал да помине низ Ормутска Теснина.
Бродот бил блокиран во Персискиот Залив повеќе од два месеци поради конфликтот меѓу САД и Иран.
