Пораките меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и иранската филмска ѕвезда Голшифтех Фарахани наводно довеле до инцидентот во кој првата дама Брижит Макрон му удри шлаканица на својот сопруг, се тврди во нова книга. Настанот што се случи минатиот мај кога претседателскиот авион слета во Ханој, Макрон го опиша како шега. Но, новата книга нуди многу поинакво објаснување за инцидентот што го забележа камерата на „Асошиејтед Прес“, пишува „Тајмс“.
Книгата „Un Couple (Presque) Parfait“ (Скоро совршен пар), од политичкиот дописник на списанието Paris Match, Флоријан Тардиф, тврди дека првата дама била бесна откако видела СМС-порака испратена до нејзиниот сопруг од Голшифтех Фарахани, протерана иранска актерка. Според Тардиф, пораката ја натерала Брижит Макрон да се посомнева дека нејзиниот сопруг може да ја остави поради Фарахани.
On the one hand I feel bad for Macron. That’s humiliating to get attacked by your wife’s claws while the cameras are rolling.
But on the other hand, that terror-supporting brat deserves it…
As they say, couldn’t have happened to a better man, right?pic.twitter.com/XRIF0OtSz3
— Marina Medvin 🇺🇸 (@MarinaMedvin) May 26, 2025
Авторот тврди дека врската меѓу претседателот и актерката била „платонска“, но во интервју за радио RTL, промовирајќи ја книгата, тој рекол дека претседателот ѝ испраќал на актерката пораки кои „отишле доста далеку… како: „Мислам дека си многу убава““. Во книгата се тврди дека токму пораката предизвикала расправија што кулминирала со шлаканица. „Сè во книгата се факти, факти и ништо освен факти“, изјавил авторот.
Откако беше објавена снимката од инцидентот, Елисејската палата првично се обиде да го минимизира инцидентот. Советниците првично сугерираа дека видеото е лажно, но Макрон подоцна призна дека е вистинско, но со објаснување: „Сопругата и јас се каравме, повеќе се шегувавме“.
Самата Брижит Макрон ѝ ја понуди својата верзија на авторката на книгата во март оваа година. Таа рече дека била „многу уморна“ по тешкиот лет. „Имаше многу турбуленции за време на летот, што ми го отежнуваше спиењето. Не сакав да излезам од авионот. Тој се обиде да ме насмее. Ми даде вода и јас го турнав“, рече таа. Извор близок до првата дама изјави за „Ле Парисиен“ дека таа „категорично негира“ дека го удирала сопругот поради пораката, нагласувајќи дека „никогаш не гледа во телефонот на својот сопруг“.
Актерката Голшифтех Фарахани (42) исто така негираше каква било романтична врска со Макрон (48). Таа двапати коментираше за гласините минатата година. „Мислам дека на некои луѓе им недостасува љубов и мора да создаваат вакви романси за да ја пополнат празнината“, изјави таа за „Ле Поинт“. Подоцна таа за списанието „Гала“ изјави: „Мора да ги оставите гласините да си одат. Фер или нефер, тие се само гласини. Тие се како бранови што доаѓаат и си одат.“
Американскиот претседател Трамп го искористи инцидентот во април, исмевајќи го Макрон за одбивањето на Франција да им се придружи на САД и Израел во војната против Иран.
Тој рече за својот француски колега дека „неговата сопруга се однесува ужасно кон него и тој сè уште се опоравува од тој удар“. Макрон возврати: „Нема да одговорам… Овие коментари не заслужуваат одговор“, додавајќи дека зборовите на Трамп не биле „ниту елегантни ниту на ниво“.
Која е Голшифтех Фарахани?
Фарахани е познато име во Иран. Таа беше критикувана од исламскиот режим кога се појави без хиџаб во филмот „Тело на лаги“ на Ридли Скот заедно со Леонардо Дикаприо во 2008 година. Иако првично ѝ беше забрането да патува, таа успеа да избега во Франција.
Таа предизвика дополнителен бес дома во 2012 година кога позираше топлес за „Ле Фигаро“, што беше протолкувано како политички протест против Техеран и ѝ беше забрането да се врати во Иран. Истата година повторно ги покажа градите во филм за промоција на Цезар, францускиот еквивалент на Оскарите.
Таа е жесток критичар на иранските власти, но и на Западот.
