Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех, денеска изјави дека иранските ставови за нуклеарниот договор (Заеднички сеопфатен план за акција, JCPOA) и укинувањето на санкциите нема да се променат со промена на владата.
Тој пред новинарите во Техеран изјави дека доколку биде постигнат каков било договор, следната иранска Влада ќе се придржува до него, пренесе агенцијата ИРНА.
– За разлика од пристапот на другите страни, почитувањето на обврските во Иран отсекогаш се смета за принцип. И покрај фактот дека на некои теми се уште им требаат одлуки, напредокот во преговорите во Виена е реалност што ја прифатија сите страни, рече Хатибзаде.
Тој повтори дека финализирањето на договорот за заживување на JCPOA зависи од политичката волја на другите страни, и додаде дека иранската делегација се обидува да ги заврши преговорите и да ги укине санкциите против Иран.
Тој понатаму кажа дека нема да се одредува никаков рок и преговорите ќе траат се додека не се постигне договор за исполнување на интересите на Иранците. Тој притоа повтори дека Иран не брза со постигнување договор.