Иранскиот активист Вахид Аштари осуден е на две години затвор поради што објави што некои членови на семејството на претседателот на иранскиот Парламент купиле при посетата на Турција.

Аштари во април на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како членови на семејството на Мохамад Бакер Калибаф од Турција се враќаат со 20 големи куфери. Потоа еден турски новинар објави дека сопругата на Калибаф, за време на посетата на Турција купила и два стана во Истанбул во вредност од 1,56 милиони евра.

Според пресудата Аштари треба да ги избрише сите налози на социјалните мрежи.