Мнозинството ирански парламентарци денеска се согласија за условите што треба да се исполнат ако Техеран повторно се приклучи на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, јави официјалната новинска агенција ИРНА.

Вкупно 250 од 290 пратеници на Иран се согласија дека САД и европските земји кои учествуваат во преговорите треба да гарантираат дека нема да се повлечат од обновениот договор и оти нема да иницираат „механизам за нагло повлекување” од договорот.

Исто така, пратениците во иранскиот Парламент бараат укинување на сите американски санкции и транспарентен процес со кој ќе може да се проверат овие мерки.

Индиректните разговори меѓу Иран и САД за заживување на нуклеарниот договор продолжија минатата недела по десетдневна пауза.