Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува силна поддршка од граѓаните за членство на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021.
Седумдесет и три отсто од македонските граѓани сакаат да влезат во ЕУ, а 24 отсто се противат на тоа.
Анкетата покажа дека 87 отсто од македонските граѓани се согласуваат или донекаде се согласуваат дека силните односи со Турција најдобро и служат на интересите на земјата.
Шеесет и пет проценти истото го мислат за Кина. Овие бројки претставуваат мало зголемување од претходната анкета на ИРИ, и за Турција, и за Кина.
Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.