Еден од играчите кои блескаа и оставија добар впечаток на Светското првенство (СП) во кошарка, Бруно Кабокло, не се појавил во неговиот клуб Венеција и во моментов никој не знае каде е и што прави кошаркарот.

Бразилецот требаше да пристигне во Италија во текот на вчерашниот ден, ама не се качил во авионот. Тој дури и не информирал никого за неговата одлука и во моментов ниту Венеција, ниту неговите пријатели знаат каде се наоѓа.

Последен пат кошаркарот бил во САД за да добие виза за во Европа. Интересно е дека 27-годишникот пред извесен период ги промени застапниците, а токму со нив го потпиша договорот со Венеција, па се претпоставува дека новите менаџери имаат удел во ова.