Пенг пред неколку дена на кинеската социјална мрежа Веибо изнесе сериозни обвинувања дека била силувана од Занг Гаоли (75) кој од 2008 до 2018 година беше заменик премиер.

-Тоа попладне не дадов согласност и не можев да престанам да плачам. Ме доведе во неговиот дом и ме натера да имаме однос. Немам докази и не е возможно да дојдам до такво нешто. Секогаш се плашеа да не носам со себе нешто како касетофон или да не снимам. Нема аудио ниту видео записи, само моето искривено, но вистинито искуство, напиша Пенг на Веибо.

Нејзината објава експресно беше избришана, а оттогаш од Пенг нема ниту трага ниту глас. Според шпекулациите на дел од кинеските медиуми, Шуаи Пенг пребегнала во САД, но засега нема потврда за ова.

Пенг беше специјалистка за игра на двојки, беше број на ранг-листата на дубл тенисерки, а во поединечна конкуренција најголем успех и е пласманот во финалето на УС Опен.