Политикологот Џенсур Исени смета дека изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ претставува директна корист за Христијан Мицкоски.
Во објава на својот Фејсбук-профил, Исени оцени дека премиерот добил политички подарок и, како што вели, минимум уште една деценија на власт.
Според него, наместо да понуди визија и нова енергија, СДСМ повторно избрал лик поврзан со партискиот пад.
„Наместо да понудат визија, нова енергија и кредибилен лидер кој може да му парира на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ реши да оди со кандидат кој веќе еднаш беше дел од нивната ерозија,“ напиша Исени.
Тој истакна дека вакви „стратегии“ на СДСМ му ја олеснуваат работата на Мицкоски.
- „Со вакви ‘стратегии’, Мицкоски на локалните избори нема потреба ниту кампања да прави. Опозицијата самата му ја завршува работата,“ додаде Исени во објавата.
Извор: Курир