Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и пообилни. Локално ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен.

Синоптичарите најавуваат и грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.