Трговскиот центар Ист Гејт Мол по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по инцидентот со огнено оружје што се случи денеска во 15:00 часот, информираат од трговскиот центар.

-Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22:00 часот, соопштија од Ист Гејт Мол.

Оттаму посочуваат дека трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите.