Истанбул е погоден од силно снежно невреме. Tрет ден по ред предизвикува големи проблеми во транспортот и секојдневниот живот.

Поради екстремните временски услови, властите привремено го затворија бродскиот сообраќај низ Босфорот во двата правци. Ова го соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност на турското Министерство за транспорт и инфраструктура.

Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ објави дека дел од летовите од и кон истанбулскиот аеродром за утре се откажани објави „Хуријет“.

Градските власти најавија дека училиштата во Истанбул ќе бидат затворени во понеделник поради екстремно ниските температури и очекуваните проблеми со транспортот. Од синоќа на полноќ, воведена е и забрана за движење на моторциклисти и курирски служби сè до подобрување на временските услови.

Извор: Миа