Голем дел од граѓаните, кои попишувачите не ги најдоа во нивните домови и денеска сами отишле на пописните пунктови за да ги остават потребните податоци, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, и 203.000 од дијаспората. Најголем дел од оние во дијаспората се попишани во Германија, Швајцарија и Италија.

Најголем предизвик во последните денови од пописот за Заводот за статистика биле урбаните средени. Оттаму соопштија дека во градовите биле ангажирани поголем број на попишувачи за да се заврши статистичката операција.

Премиерот Заев потврди дека собирањето на податоците Скопје е најголем проблем. Според податоците кои ги објави тој, пописот ќе покаже дека заедно со дијаспората сме околу 2,2 милиони луѓе. Уверен е дека ДЗС ќе ги обезбеди сите податоци до крајот на рокот.

– Тоа што не може да се стигне, веројатно Заводот за статистика ќе каже како како податок ќе го обезбеди. Веројатно ќе имаме недостаток на податоци за процент, половина процент, за промили на луѓето кои што како одговори ги добиваат од прашањата. Самата лична карта и документот ги дава голем дел од податоците коишто пописот треба да го заокружи како успешен, комплетно целата процедура и статистичка операција што ја спроведува, рече Заев.