Еден месец од новата учебна година без наставен материјал, а министерот лани вети ако навреме не стигнат учебниците ќе понесе одговорност. Истекува рокот на министерот за образование кој сам го даде за да стигнат сите учебниците до учениците. Денеска ни одговорност ни учебници.
– Националната комисија ги има одобрено учебниците по македонски јазик, албански јазик, природни науки и учебникот по математика за кој учебник треба да се чека уште пет дена мислам жалбена постапка. Претходните учебници кои ги спомнав сите се веќе доставени на графичко техничко и на печатење и тие мислам дека од утре таа информација која ќе ја споделиме ќе биде со план на достава во сите основни училишта на учениците што се со новата реформа од прво до шестто одделение, изјави Шаќири.
Прочитајте повеќе на Express.mk.