„Францускиот предлог не можеме да го смениме. Она на што може да работиме е да се смени методологијата на работата на историската комисија на нашиот пат кон ЕУ“ вели Љубчо Георгиевски за уставните измени во Македонија околу внесувањето на Бугарите во нашиот Устав. „Релативно безболно за Македонија е да се внесат Бугарите во нашиот устав“, заклучува гостинот и вели дека сепак не верува дека ќе поминат уставните измени, иако за него тоа била неразбирливо.

Георгеивски се осврна на тоа дека проблем била бугарската декларација за која реагирала само неговата партија, ВМРО-НП.

Две недели пред да ја донесат таа декларација во бугарскиот парламент, единствени кои реагираа во Македонија беа ВМРО-НП. Не реагираше никој, ни власт, ни опозиција. Требаше да реагира Никола Димитров кој беше министер за надворешни работи, започна Георгиевски.

Додаде дека се сложува дека за некои работи е проблематична историската приказна од бугарска страна, но дека проблемот го гледа кај методологијата на работа на историската комисија.

Релативно безболно за Македонија е да се внесат Бугарите во нашиот устав. Францускиот предлог не можеме да го смениме. Не може да смени и тоа е приказна исто како што не може да се смени Преспанскиот договор. Она на што може да работиме е да се смени методологијата на работата на историската комисија. На нас ни треба еден пат кон ЕУ кој нема да зависи од историја, вели Георгиевски за Радио Лидер.

Дискусијата според Георгиевски треба да биде јавна и така да се одлучува за историските прашања.

Како може да се смени? Да има личности и настани кои заеднички ќе се слават, да биде една отворена дебата, а не како сега тајна. Дискусијата да биде пред пошироката јавност. Проблемот на историјата треба да се смени од политичка во интелектуална дебата, потенцира гостинот.

Георгиевски даде пофалби за сегашната влада на Бугарија.

Нивната реторика беше доста агресивна. Оваа влада во моментов е многу конструктивна кон Македонија. Не знаеме тоа да го цениме, а треба да го искористиме, вели Георгиевски.

Сепак тој вели дека засега не верува да поминат уставните промени.

Не ми е реално дека ќе бидат донесени уставните промени. Не ми се верува дека од овој проблем се прави толкава драма. Од сите отстапки кои ги направила Македонија до сега, ова е со најмал интензитет, заклучи тој.