Во најновото издание на ЛОТО 7, Државната Лотарија објави рекордна премија во износ од 62.000.000 денари или 1.000.000 евра. Оваа голема премија обележува нов врв во светот на лотаријата во Македонија и се смета за најголемата сума што може да се освои во Македонија.
ЛОТО 7 на Државна Лотарија прв пат се одржа на 23 април 2010 година, по што првото коло на играта под името “НовоЛото 7/34” се реализираше на 5 мај 2010 година. Во текот на годините, играта постојано еволуираше и воедно создаваше нови можности за збогатување на играчите.
Првата седумка во историјата на оваа игра беше постигната на 5 септември 2011 година со феноменални 21.173.081,00 денари, а среќните броеви беа уплатени во продажното место “Студио Гина” во Битола. Оттогаш, лото играта, која беше преименувана во “ЛОТО 7” во 2019 година, ја одбележа вкупно 27 седумки. Оваа среќа се распространи во разни градови во Македонија, дванаесет пати во Скопје, петпати во Битола, двапати во Кичево, двапати во Куманово и по еднаш Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци и Кочани.
Во однос на вредноста на добивките, до сега се постигнаа 11 добивки со гарантиран износ од 6.000.000,00 денари и една од 7.777.777,00 денари. Сите останати седумки го надминуваат гарантираниот износ од страна на Државната Лотарија.
Најголемата добивка до денес изнесува впечатливи 41.163.771,00 денари, а среќните броеви беа уплатени во продажното место “ЈМБ Компани Визбегово” во Скопје.
Фондот за 7-ката, кој сега изнесува над 1.000.000 евра, започна да се надградува по последната седумка, којашто беше освоена во декември 2022 година во Кичево. Од тогаш, фондот за 7-ка во ЛОТО 7 непрекинато расте и создава нови можности за играчите. Со секое наредно коло, очекуваме да се појави нов добитник на 7-ката, кој го очекува неверојатниот износ на оваа награда – најголемата во историјата на државата, велат оттаму.
Само 30 денари, колку што чини една лото-кобинација, може да промени цел живот. Затоа, не заборавајте да уплатите свои среќни броеви и да ја искористите можноста да станете најголемиот лото милионер во Македонија, со премија вредна над 1.000.000 евра. Веррувајте во себе бидејќи среќата е насекаде!