Полициски службеници вчера извршиле претрес во станот во кој престојувал осомничениот на булеварот „АСНОМ“ во Скопје и откриле дека тој неовластено за продажба држел 1.713,87 грама марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана, кокаин и амфетамин.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото.​​