При пожарот нема повредени лица.

– Настанал пожар во куќата на 61-годишниот Р.Б. во тетовско Радиовце. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот за кусо време бил локализиран. Увид извршила екипа од СВР Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Тетовската пожарна информираше дека интервенирале седум пожарникари со две возила.