Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наротични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството постапува по кривична пријава против 25-годишник од Скопје, кај кого биле пронајдени 156,77 грама наркотична дрога – марихуана и две рачно изработени цигари со мешавина од марихуана и тутун. При претресот била пронајдена и одземена и дигитална вага со траги од марихуана и кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоци.