Со цел навремено обезбедување доказен материјал, Инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање на мостри од езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, било спроведено во текот на денот.

– На 22 март Инспекторот беше на терен со началникот на Одделението за внатрешни работи во Дебар, го подготвија и го предадоа предметот до Основното јавно обвинителство во Дебар, соопшти ДИЖС.

Оттаму информираат дека Јавното обвинителство итно ќе издаде налог за анализа на земените мостри од страна на акредитирана лабораторија, што ќе овозможи откривање на сторителот, односно изворот на загадувањето.

За делото опишано во Кривичниот законик во член 218 „загадување на животната средина и природата“, предвидена е казна затвор во траење од 4 до 10 години или парична казна.