Истражна постапка против двајца осомничени за корупција и злоупотреба на службена положба
Истражна постапка се води за две лица каде првоосомничен е поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески. Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за сериозни кривични дела, вклучувајќи примање и давање поткуп, како и проневера во службата.
Првоосомничениот: Директор на државна институција
Првоосомничениот, кој во периодот од 2021 до 2024 година бил директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, се товари за злоупотреба на својата службена положба.
„Во повеќе наврати, користејќи ја својата функција, примил незаконска корист за себе и својата сопруга во замена за извршување службени дејствија кои не смеел да ги изврши. Тој потпишувал изјави за непостоење судир на интереси и не се изземал од постапките за пет јавни набавки во кои победила фирмата на второосомничениот, иако директно профитирал од тие зделки.“ стои во соопштението.
За лични цели користел возило.
„Без надомест, за лични цели, користел патничко возило ‘Фолксваген Пасат’ од фирмата на второосомничениот, а неговата сопруга користела услуги за превоз.“
Дури и по разрешувањето од функцијата, продолжил да остварува материјална корист, нелегално користејќи уште едно возило „Ауди Q8“, за што му е поведена скратена постапка.
Второосомничениот: Сопственик на фирма
Истражна постапка се води и за второосомничениот. Тој се јавува како сопственик и управител на фирма, е обвинет дека во повеќе наврати му давал корист на првоосомничениот за да ги добива јавните набавки.
„Со ова овозможил потпишување на договори во негова корист, иако тие постапки не требало да се спроведат на таков начин,“ наведуваат од обвинителството.
Финансиска проневера и несовесно работење
Првиот осомничен, покрај поткупот, е обвинет и за проневера во службата.
„Од јануари 2022 до јуни 2024 година, тој незаконски присвоил 1.792.859 денари, преку лажни барања за хотелско сместување, авиобилети и службени патувања, оштетувајќи го Буџетот на Република Северна Македонија.“
Тој нанел штета од 3.444.615 денари.
„Дополнително, во периодот од октомври 2023 до јуни 2024 година, несовесно управувал со Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, дозволувајќи исплата на недозволени плати, со што нанел штета од 3.444.615 денари.“
![Обвинителството бара притвор за ексдиректорот на СОЗР, Мирчевски](https://lider.mk/wp-content/uploads/2025/02/OJO_13_11_4.jpg?x48507)
Во текот на вчерашниот ден објавивме повеќе детали. Откриени се повеќе злоуотреби.
(ФОТО) Пеце од СОЗР бил и „новинар“ – откриена злоупотреба преку полн пансион во Софија
Предлог за мерки
Обвинителството предлага притвор за првоосомничениот поради ризик од бегство и можност за влијание врз сведоците.
„Поради сериозноста на делото, побарана е мерка притвор за првоосомничениот, додека за второосомничениот се предлагаат мерки на претпазливост, како забрана за напуштање на живеалиштето и привремено одземање на патни исправи,“ се наведува во соопштението.