Една од пет дестинации во светот или 21 отсто од земјите во моментов имаат целосно затворени граници поради ситуацијата со коронавирус, додека 98 отсто од земјите имаат одредени ограничувања за меѓународните патници, според најновото истражување на Светската туристичка органзиација – UNWTO.
Според тие податоци, половина од затворените земји не ги ни отвориле границите од април минатата година. Инаку, четвртина од сите туристички земји во светот се уште имаат делумно затворени граници, а 52 отсто од нив бараат од туристите да покажат негативни тестови пред да влезат во земјата.
Речиси половина од земјите, или 85 туристички дестинации, ги олеснија мерките за патување за вакцинираните туристи, но само четири дестинации досега ги укинаа сите ограничувања, а тоа се Колумбија, Костарика, Доминиканската Република и Мексико.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека се уште има големи регионални разлики во ограничувањата за патување. Азија и Пацификот имаат најмногу забрани, а 65 отсто од сите дестинации се целосно затворени. Од друга страна, Европа е најотворен глобален туристички регион, со само седум проценти од нејзините граници целосно затворени. Следува Африка со девет отсто, Америка со 10 отсто и Блискиот Исток со 15 отсто. Вакцинацијата е главната причина зошто мерките се релаксираат, како што покажа ова истражување.
Имено, 40 отсто од земјите или 85 туристички дестинации ги олеснија мерките за патување за имунизираните туристи, но само четири дестинации досега целосно ги укинаа сите ограничувања, а тоа се Колумбија, Костарика, Доминиканска Република и Мексико.
Бројот на меѓународни пристигнувања, според податоците на светскиот туристички барометар, е зголемен за 58 отсто во јули и август во однос на истиот период лани, но сепак е далеку под нивото од 2019 година.