Авганистанците повикаа и на прекин на црните листи и на санкциите, како и човековите права да се одвојат од политичките.

Тоа беше втор круг разговори меѓу двете страни во Катар откако САД ја завршија својата 20-годишна окупација на Авганистан и тврдокорните исламисти брзо се вратија на власт.

– Двете делегации разговараа за политички, економски, човечки, здравствени, образовни и безбедносни прашања, како и обезбедување на потребните банкарски и парични средства, напиша на Твитер портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Вашингтон замрзна речиси 9,5 милијарди долари имот на авганистанската Централна банка. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, исто така, ги прекинаа активностите во Авганистан, ја укинаа помошта, вклучително и 340 милиони американски долари во новите резерви издадени од ММФ во август.